Еве колку долго смеете да ги користите капките за нос

107

Во сезоната на настинки и вируси, капките за нас ни се сериозен „сојузник“. Прочитајте колку долго смеете да ги користите.

Групата лекови кои служат за спречување на прекумерното лачење на секрет од носот се локални назални деконгестиви.

Доаѓаат во облик на капки, a во последните години во облик на спеj за нос коj е помалку непријатен за користење бидејќи не допира до ждрелото, а притоа е и поефикасен бидејќи рамномерно ја обложува носната слузница за разлика од класичните капки.

Овие лекови, без оглед дали станува збор за капки или спрееви, не ја лекуваат причината, туку само ги ублажуваат симптомите на болеста.

Но, имајте на им дека иако се многу корисни бидејќи носат моментално олеснување, не смеат да се користат подолго од седум дена, некои дури само три дена, а тоа е наведено во нивното упатство. Во спротивно, кога ќе престанете да ги користите симптомтие во вид на затнат нос и секрет од носот ќе бидат значително полоши.