Путерот од кикирики и слабеењето

130

Конзумирањето кикирики кај децата е поврзано со намалување на ризикот за дебелеење, објавија американски научници од Универзитетот Хјустон.

Податоците собрани во текот на 12 недели од 257 ученици од основно училиште, покажуваат и дека конзумирањето путер од кикирики исто така е поврзано со намалување на индексот на телесна маса кај децата.

Позитивното влијание на кикириките е воочено кај децата кои ги јаделе 3-4 пати неделно.

Освен што содржи бројни хранливи состојки, кикириките се поврзани и со брзото постигнување на чувство на ситост, додаваат истражувачите.