НОКАУТ победник со “Сакам да живеам” на Макфест 2020 | Видео

3598

Во саботата на 19.09.2020 се одржа натпреварувачкиот дел од 35-тото издание на Макфест 2020 на градскиот плоштад во Штип.

За пвпат во историјата на фестивалот за песните не гласаше публиката, така што жири комисијата, која се уште се држи во тајност, се одлучи за следниве песни:

Првото место му припадна на песната “Сакам да живеам” на звторите Н. Перевски/Ф. Неделковски/О. Неделковски во изведба на групата НОКАУТ (5.000 евра), втората награда ѝ припадна на песната “Ден по ден” во изведба на Ѓоко Таневски (3000), а трета награда ѝ припадна на песната “Ако те изгубам” во изведба на Омар Џаферовски (2000).

По 500 евра беа наградени Виктор Апостоловски за најдобар сценски настап и Полина за најдобар дебитант.

Сите пееја на плејбек.

По доделувањето на наградите Никола Перевски-Пере од Нокаут изјави:

– По 24 години конечно нешто да освоиме, публиката тоа го примети дека има некаков квалитет, што сме го направиле. Се разбира тука е жирото кое гласаше за нас и веројатно жирото, тоа го почуствувало. Најважно е за мене да се почуствува песната, да се пренесе енергијата, кај публиката, еве и кај жирото и сметам дека е заслужено, вели Пере од Нокаут.

Ден пред тоа се одржа ретроспективната вечер на одбрани наградени композиции од претходните 34 изданија, на која ушествуваа Џина Паппс Џокси, Трајче Манев, Лидија Кочовска, Дарио, Ристо Самарџиев, Олгица Христовска, Мики Јовановски и групата Интервали.

Двете вечери се одржаа под отворено небо на штипскиот плоштад.