Еве како да се заштитите од сончаница и топлотен удар

1861

Главни непријатели на нашиот организам во летниот период се сончаницата и топлотниот удар, кои последниве години се во значителен пораст поради климатските промени и глобалното затоплување.

Подолго изложување на главата на сонце, особено директна изложеност на висока температура, доведува до сончаница. Притоа температурата во главата значително се зголемува.

Симптомите почнуваат со силна главоболка и со зголемување на телесната температура. Често можат да се појават поспаност и вртоглавица, зуење во ушите или краткотрајна загуба на слухот.

Кај помладите кои долго се сончаат чести симптоми се умор и малаксаност, а кај постарите може да дојде и до несвестица.

Топлотен удар може да настане не само поради прекумерно изложување на сонце, туку и поради влажен и презагреан воздух, бидејќи во такви услови е отежнато потењето, а се јавува најчесто кај работници во пекарници, кујни, но и во презагреан автомобил, неклиматизиран јавен превоз.

Симптоми се силна главоболка, сува кожа, постојано зголемување на телесната температура, вртоглавица, немир, поспаност и повраќање, зуење во ушите, пореметување на видот.

Продолжува на страна 2