
При топлотен удар или сончаница, мора веднаш да се почне со разладување. Важно е постепено разладување со ставање ладни облоги сè додека температурата не се врати во нормала.
Многу е важно да се надомести изгубената течност и минерали, да се даваат ладни напитоци, но да се избегнуваат пијалаци кои влијаат на крвотокот, особено кафе и алкохол.
Препораки на експертите
Пет чаши вода дневно се доволни за хидратација на деца од 5 до 8 години, седум чаши за деца од 9 до 12 години, а осум до десет чаши вода за деца постари од 13 години и за возрасни.
Јадете свежо овошје и зленчук, немасно месо и риба, житарки, семки и немасни ферментирани млечни производи (јогурт, кефир), чорби и супи за надоместување на електролитите изгубени со потењето.
Избегнувајте обилни оброци, масна храна која тешко се вари, засладени и газирани сокови, алкохолни пијалаци и пијалаци богати со кофеин поради опасност од дехидрација на организмот.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















