Каква порно содржина преферираат Македонците?

94

Интернет-страницата за возрасни „PornHub“ ги објави резултатите од посетите во текот на 2019 година, со цел да ги открие главните трендови што преовладуваат кај нивните корисници ширум светот.

Иако сообраќајот на страницата драстично скокна за време на карантинот, може да се каже дека минатата година беше исто така многу успешна за „PornHub“, затоа што оваа интернет-страница забележа 12 милијарди посети за 12 месеци, а беа прегледани 6,8 милиони видеа.

Повеќето луѓе уживаат во порно во текот на ноќта, помеѓу 23 и 01 часот наутро, а пристапуваат до видеа претежно од мобилен телефон (76,6 проценти од корисниците).

Трендовите се разликуваат од земја до земја.

Корисниците од САД, Канада, Бразил, Норвешка, Финска, Италија и Велика Британија претпочитаат да уживаат во лезбејска порнографска содржина.

Кога станува збор за регионот, луѓето од Србија, Хрватска и Црна Гора претежно гледаат видеа во категоријата „зрели жени“.

Лана Роудс

Словенците и Македонците претежно гледале лезбејска содржина, додека корисниците од Босна и Херцеговина се најзаинтересирани за т.н. категорија „M.I.L.F.“, се вели во извештајот.

„M.I.L.F.“ значи сексуално привлечна жена, претежно меѓу 30 и 50 години, која се смета за вештa во сексот, а нивното искуство и знаење ги прави помоќни од помладите конкуренти.

Најбараната порно актерка во 2019 година е Лана Роудс – млада ѕвезда во подем во филмската индустрија за возрасни.