Дали и вие од самиот поглед на куклата, се ежите?
Не грижете се, не сте единствени …
Иако има многу малку истражувања во врска со стравот од кукли, сѐ што треба да се направи е да погледнете безброј популарни филмови и ТВ-емисии со детски играчки за да сфатите дека многу луѓе им се плашат.
Но, зошто куклите се толку страшни за некои луѓе? Зошто толку многу луѓе се плашат од кукли?
Важно е да се забележи дека повеќето млади луѓе навистина не се плашат од кукли, објаснува клиничкиот психолог Др. sc.Kate Wolitzky-Taylor од UCLA за Prevention.
“Луѓето не се раѓаат со всаден зтрав од кукли”, објаснува таа. “Всушност, повеќето деца ги сакаат”.
Наместо тоа, стравот што го чувствувате е условен со текот на годините, веројатно поради сите лоши кукли кои сте ги виделе во поп-културата. Секој кој видел еден од многуте филмови со кукли, како што е Annabelle или филмовите со Chucky, веројатно може да разбере зошто и како доаѓа овој страв.
Но, зошто се плашиме од куклите кои не се во филмови?
Затоа што почнуваме да го поврзуваме стравот од специфични ситуации со стравот од други кукли, дури и на оние кои изгледаат “невино”.
“Ова совпаѓање на куклите со други застрашувачки стимулации може да доведе до страв или нервоза кога ќе се соочиме со било која кукла”, вели Wolizky-Taylor. “Учењето е голем фактор, без разлика дали станува збор за директно или посредно учење”.
Додека малкумина го проучуваат специфичниот страв од кукли, спроведено е истражување за тоа зошто ние генерално се плашиме од нив. Во 1970 година, јапонскиот роботичар Masahiro Mori го измисли терминот “uncanny valley” (тајната, чудната долина) за да ја опише непријатноста која се случува кај луѓето кога гледаат роботи кои се многу слични со нив, но не се сосема човечки.

На почетокот, луѓето добро реагираат на роботи дури и кога стануваат пореални, но до одредена точка, кога тоа се менува. Обично се случува роботите да бидат многу слични на луѓето, но потоа прават нешто што е надвор од човечкиот карактер. Потоа почнуваме да ги сметаме за страшни. Во суштина, додека нè привлекуваат колку се слични на луѓето, толку сме исплашени затоа што се различни.
Во една меѓународна студија, истражувачите проучувале повеќе од 1.000 луѓе општо за “стравот” и заклучиле дека двосмисленоста – кога нешто е отворено за повеќе толкувања – е главен фактор во предизвикување чувства на страв. На пример, гледате кукла (или кловн) во филм, и тоа разбирливо предизвикува страв. Но, кога нешто или некој не може да биде опасно – како кукла на полица – може да ви изгледа дека е непредвидливо, а со тоа и сосема непријатно.

Затоа, ако од самиот поглед на куклите чувствувате непријатност, можеби е подобро повеќе да не го погледнете Chucky …
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback !!!
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world – Cashback