Kако се пресметува датумот за Велигден?

2478

Сите знаеме дека Велигден е празник со непостојана дата за празнување. Празник неврзан за датум. Тој е секогаш во недела, но која недела и на кој датум? Денот не го менува, а датумот го менува. Може да биде во април, а и во мај. Зошто е така и како се определува тоа?

Временското растојание, од кога до кога може да се падне Велигден е определено и тоа се движи од 4 април до 8 мај, односно, најрано: три дена пред Благовец, а најдоцна: два дена по Ѓурѓовден. Тоа значи дека Велигден може да се падне на 35 различни датуми.

Велигден е Празник над празниците. Тој не се вбројува во ниедна група на празници, бидејќи му нема рамен на него – тој е над сите. Но, со Велигден се поврзани најмногу празници во годината. Тие произлегуваат од него – или му претходат, како подготовка за празникот или постојат од неговото постоење. И едните и другите се датираат според Велигден. На пример, најконкретно и неиздвоиво се поврзани со Велигден празниците 50 дена пред него и 50 дена по него. Секогаш, педесеттиот ден пред Велигден е Прочка и секогаш педесеттиот ден по Велигден е Дуовден (Педесетница). Потоа, празниците по Дуовден се нарекуваат недели по Дуовден, од првата до триесет и првата – втората, но зар не е и тоа поврзано со Велигден, кога Дуовден се определува според Велигден? Тој му ги отстапил тие недели на Дуовден. А и Спасовден е секогаш на 40 ден по Велигден, Цветници е неделата пред Велигден, а саботата е Лазарева сабота итн.

Е сега, замислете, сите тие празници – толкав број на празнувања, зависат од определената дата за Велигден. Тие постојат за него и ќе се празнуваат кога ќе каже тој. А кој кажува кога ќе биде Велигден и како тоа го определува?

Светата Црква кажува кога ќе биде Велигден и тоа го определила за сите и за секогаш, на два Вселенски собора: на Првиот и на Шестиот.

Во почетокот на христијанството, уште веднаш почнало да се празнува Велигден. Тоа е првиот празник на христијаните. Најстариот празник. Почетниот празник. Но, во првите векови, немало ускладеност и еднообразност во празнувањето. Не го празнувале Велигден сите во исто време. Така било цели три века.

Продолжува на страна 2