Kако се пресметува датумот за Велигден?

2813

Ние сега сме во 15 индикт – 15 Велигденски круг. Тој започнал 1941 година, а ќе заврши 2472 година. Зошто дури 15 круг? Пресметката на круговите е започната од создавањето на светот, затоа сега е 15 круг. Почетна година е земена 5508 пред Христа.

Најрано, пролетната рамнодневница може да дојде до 4 април, а најкасно до 8 мај. А и Месечината може да биде полна, најрано на 4 април. Па, ако тој ден е недела – тогаш ќе биде најраниот Велигден. Кога на небото ќе се сретнат и Сонцето и Месечината полна, во недела – таа недела е Велигден. Но, ако тоа се падне пред Пасха јудејска или заедно со неа, тогаш се одлага Велигден за првата недела по следната полна месечина, ама не подоцна од 8 мај.

Во еден Велигденски круг од 532 години, може да се падне најраниот Велигден – на 4 април, петпати (во сегашниов круг во: 2010, 2105, 2200, 2213, 2447), а најдоцниот Велигден – на 8 мај, четирипати (1983, 2078, 2173, 2268).

Годинашниов Велигден се паѓа дури 9 пати во овој Голем индикт (2002, 2013, 2024, 2192, 2271, 2355, 2366, 2439, 2450, 2461).

Кога е направена формулата се правиле и повеќегодишни таблици. Објавуван е датумот за Велигден за целиот последен Велигденски круг, во којшто сме и ние сега.

Сега, откако е пронајдено компјутерското пресметување, има можност брзо да се задоволат љубопитствата и да се добие точниот датум за Велигден, за било која година и век.

Православните цркви го слават Велигден сите на ист датум. За среќа, овде не се направи поделба и Велигден остана заеднички празник, а тоа значи и сите празници поврзани со Велигден, иако црквите се раководат според два различни календари: јуллијанскиот и грегоријанскиот. Празниците со одредените дати ги празнуваме различно, а Велигден и велигденските празници – заедно.

Со новиот календар започнаа први Грците, од 1924 година и во почетокот го прифатија сите цркви кои имаат Грци поглавари, освен Ерусалимската патријаршија и Света Гора. Потоа, го прифатија и други цркви, но не сите, туку пола-пола, останувајќи поделени и до денес. Но, Велигден е во заеднички датум. Слава на Бога!

Во Македонија, на ист датум со православните, го слават Велигден и протестантите од Евангелско-методистичката црква и католиците од источен обред.

Проф. д-р Ратомир Грозданоски

Кукурику.мк