Kако се пресметува датумот за Велигден?

2813

Ова правило од Соборот важи и до ден денес. Тоа не се темели на ничија мудрост или било каква поврзаност со нешто и со некого, освен со законите на вселената. Богомудро решиле светите отци и го поврзале Христовото воскресение со вселената, што значи дека тоа е од вселенско значење – за сите луѓе и за цел свет. Велигден е дел од космосот и тој е неодвоиво поврзан со космичките движења, од дневното вртење на Земјата околу Сонцето. Тоа движење е непрестајно и ни ја претставува вечноста, и најголемиот христијански празник Велигден е слика на вечноста. Воскресението Христово и Распнувањето е со значење за целата вселена, за сето време и за вечноста.

Тоа се решило така и започнале сите да празнуваат на ист ден. Настанало единство во сето христијанство – единство за Празникот над празниците. Но, не за долго. Всушност, уште веднаш се појавиле разлики по прашањето за часот и времето од денот. Спореле: Кога да почне празникот? Во недела, ама кога во недела? Имено, западните христијани – Римската црква рекла дека на полноќ се објавува Воскресението Христово и започнува Велигден. Буквално, на почетокот од денот недела. Христијаните на Исток, пак, започнувале еден час по полноќ, а некои, пред зори – во 4 часот наутро, по европско време. Оваа различност продолжила нови три и пол века. Дури на Шестиот вселенски собор, во 680/81 година, повторно било поставено за решавање разногласието за почетокот на Велигден. Соборот одлучил: Велигденскиот пост престанува на полноќ на Велика Сабота и започнува Велигден на полноќ, веднаш, штом влегува во недела (89 Правило на Соборот).

Оттогаш настанала истовременост на празнувањето. Започнала секаде еднообразност за Велигден. Христијанскиот свет имал ист празник, во исто време и час. Големината на Најголемиот празник се зголемила и со единството во празнувањето на празникот.

На полноќ, Црквата ги собира христијаните во едно празнување на Празникот над празниците. Зошто така одлучил Соборот? Зошто на полноќ веднаш, а не дента? – Светите отци сакале да биде празникот, колку е можно, најблиску до времето на Христовото воскресение. Но, нам не ни е кажано точно времето и часот кога Христос воскреснал. Тоа не го пишува во Библијата. Евангелијата ја премолчиле оваа точност. Тогаш, како определувале на Соборот? Какво е објаснувањето?

Продолжува на страна 4