Контрацепција за мажи која штити од бременост и трае 8 недели

468

На светскиот пазар се појави нов вид контрацепција која вклучува давање хормонални инјекции на мажите, а ефектот трае 8 недели.

Хормоналната инјекција за мажи е новитет во областа на машката контрацепција и е резултат на 20-годишно испитување кое било спроведено во САД.

Содржи комбинација од синтетички машки и женски хормони, односно тестостерон, прогестерон и естроген кои се делумно хемиски модифицирани. Тоа доведува до намалување на концентрацијата на семените клетки кај мажите и токму оттаму произлегува контрацептивниот ефект.

Но, треба да имате на ум дека овој метод, кој е тестиран на 270 мажи, не ги уништува сперматозоидите, туку само ги намалува, поради што бременоста е сепак возможна. Освен тоа, во текот на истражувањето партнерките на четворица од испитаниците забремениле користејќи го овој контрацептивен метод.

Сепак, мора да се има предвид фактот дека ова е единствениот контрацептивен метод за мажи кој се покажал како делотворен во 96% од случаите, со многу малку несакани ефекти. Имено, само 20 од испитаниците забележале промени во расположението, зголемена сексуална желба, појава на акни и повремени болки во мускулите.

Дејството на хормоналната инјекција трае 8 недели по примањето. Но, без оглед на тоа колкава е нејзината ефикасност, мали се шансите дека ќе успее целосно да ја отфрли употребата на презервативите. Презервативите се многу делотворни не само поради контрацептивниот ефект, туку и поради добрата заштита од полово преносливи болести