Кнедли од компири

1424

Во трката по егзистенцијата ја ситниме секоја секунда која ја имаме на располагање.

Така планирајќи да стигнеме на неколку места во текот на денот, забораваме на домашните обврски. Но, дома секогаш мора да бидат сити и среќни.

Затоа ако се вбројувате во групата “кариеристки”, задолжително имајте го предвид овој брз ручек.

Потребно

  • 1 кг компири
  • 150 грама шунка
  • 3 жолчки од јајце
  • 3 лажици нишесте
  • Масло за пржење
  • Сецкан магдонос
  • Сецкани оревчиња

Подготовка

  • Откако ќе го сварите компирот направете пире.
  • Шунката исецкајте ја на ситни коцкици и малку запржете ја.
  • Во оладениот компир додадете ги сецканите парчиња шунка , жолчките и ставете зачини.
  • Додадете од нишестето за да добиете мека смеса и обликувајте ги парчињата во форма на мали ќофтиња.
  • Потоа испржете ги ќофтињата, по околу 3 минути од двете страни. Откако ќе добијат златно-румена боја ставете ги во хартија за да впие непотребната маснотија.
  • Откако ќе го завршите и тој процес, може да дополните со тартар сос, павлака или некоја салата.

Добар апетит.