Пита со јаболка.
Состојки
- 2 јајца
- 100 гр свинска маст
- 10 гр прашок за пециво
- 100 мл млеко
- 15 лажици шеќер
- 18 лажици брашно
- рендана кора од половина лимон
- 500 гр рендано јаболко
- 3 лажици мелени ореви
- 1 лажица цимет во прав
- шеќер во прав
Начин на подготовка
- Ренданото јаболко измешајте го со пет лажици шеќер и ставете го во тава на тивок оган, додека јаболката не омекне и испушти течност. Потоа додадете ги оревите и циметот, убаво промешајте и тргнете од оган. Оставете ја смесата малку да се олади.
- Подгответе плех за печење, така што ќе ставите малку масло и брашно. Во сад за мешање, со миксер мешајте ги јајцата, свинската маст и останатиот дел од шеќерот, а потоа додадете го млекото, брашното и се убаво соединете. Половина од добиената смеса ставете ја во спремениот плех за печење и ставете да се пече 10 минути во рерна загреана на 200 степени.
- Извадете и врз запеченото тесто распоредете ја смесата со јаболката, а потоа одозгора додадете го останатиот дел од тестото. Ставете повторно во рерната да се пече околу 25-30 минути. Проверете со чепкалка дали колачот е печен. Откако убаво ќе се испече, оставете да се олади и потоа исечете на коцки. Пропрскајте со шеќерот во прав и послужете.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.