Рецепти за велигденска трпеза | Ролат со телешко месо

4879

Ролат со телешко месо, спанаќ, печена пиперка и фета сирење.

Состојки (за 4-6 лица)

  • 2 кг телешки пафлак
  • 500 гр спанаќ
  • 3 главички лук
  • 4 печени пиперки
  • 200 гр фета сирење
  • сол
  • бибер
  • сув босилек

Начин на подготовка

  • Лукот исечкајте го на тенки парчиња, а спанаќот убаво исчистете го. Во длабока тава, со малку маслиново масло, пропржете го лукот и потоа додадете го и спанаќот малку да се пропржи. На крај додадете сол и бибер.
  • Ставете сол и бибер на двете страни од телешкиот пафлак и потоа на целата површина на месото распоредете го убаво исцедениот спанаќ. Врз спанаќот ставете ги печените пиперки и одозгора фета сирењето (ситно исечкано). Додадете го сувиот босилек, полека притиснете со рацете и потоа свиткајте во ролат.
  • Во сад за печење ставете масло и вода, само колку да се покрие дното и потоа додадете го ролатот. Ставете капак или фолија и печете час и половина во рерна загреана на 200 степени. Потоа, извадете го капакот или фолијата и печете уште 30 до 45 минути. Многу е важно месото убаво да биде испечено. Потоа извадете, оставете да се олади и исечете на средни парчиња.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Рецепти за велигденска трпеза | Полнета погача