Високо-протеински намирници

2981

Многу години наназад јајцата се користат како извор на храна. Најпопуларни се јајцата од кокошките, патките и кавијарот, кој важи за едно од најскапите јадења.

Јајцата содржат многу витамини и минерали, кои се суштински дел од здрава исхрана, а во многу делови од светот, се лесно достапни и ефтин извор на храна. Но, искрено, повеќе од две до три тврдо варени јајца не ќе можете да изедете пред да почнете со своите активности во текот на денот.

На нашиот организам му е потребна храна богата со протеини која ќе го подобри метаболизмот, а воедно ќе го пролонгира чувството на ситост и ќе ја одржува нашата мускулна маса.

Високо-протеински намирници

Јогурт

Кога станува збор за обновување на мускулите, јогуртот е совршено решение. Од 140 до 170 грама јогурт може да содржи од 15 до 17 грама протеини.

Моцарела 

Овој млечен производ е добар извор на протеини и витамини.

Бадеми

Бадемите најчесто се познати како високо калорична храна која е добра за здравјето. Тие се богати со мононезаситени масти, кои што содржат витамин Е, манган, бакар, витамин Б2, фосфор, магнезиум, молибден, калиум,и влакна.

Семки од тиква

Содржат изобилство од магнезим, но, исто така и голема количина на протеини. Ако имате често потреба да грицкате нешто здраво, тогаш изберете семки од тиква.

Продолжува на страна 2