
Наут
Наут или често познато кај народот како леблебија, е извонреден извор на манган, минерал што учествува во процесот на добивање енергија од протеините и јагленохидратите. Наутот е хранлив продукт, кој содржи двапати повеќе железо од истата количина на месо.
Овесни снегулки
Овесните снегулки се одлично избалансирана и неутрална природна храна која што содржи големо количество на јаглехидрати, протеини и витамини Б2,Б3, Б6 и Е.
Грашок
Грашокот е мешункаст зеленчук и препорачливо што почесто да се користи во исхраната, бидејќи покрај тоа што содржи протеини, богат е со железо, магнезиум и растителни влакна. Овој зелленчук може да ви помогне околу апетитот.
Брокула
Брокулата е зеленчук кој содржи големо количество антиоксиданти, железо, калиум и богат извор на витими од групата Б, но и протеини, ќе ви помогнат во зајакнување на имунитетот и одржувањето на коскениот систем.


















