Сексот е комплексна наука која има свои закони.
Добро е што за разлика од геометријата на пример обуката на оваа дисциплина е доста пријатна.
Тука синтетизиравме 10 правила кои би требало да ви гарантираат уживање во кревет без несакани ефекти.
1. Штом не сака – Нема
И двајцата партнери треба да имаат желба за секс, инаку нема да излезе ништо убаво. Побрзо ќе личи на долг или силување.
Исклучок: Понекогаш апетитот доаѓа со јадењето. Особено, ако ти замириса на чудесна зелка или сармички. Но ако сармичките се присутни, а апетитот така и не доаѓа, нема смисла да се тераш насила.
2. Почувствувај ја разликата
Најубавиот секс е разновидниот секс. Кога сè се случува во исто време и на ист начин, половиот однос се претвораат во нешто секојдневно и неинтересно како миењето на рацете.
Исклучок: Ако миете рацете еднаш-два пати на годината, ништо чудно да добиете некое задоволство од овој процес.
Продолжува на страна 2



















