7. Без глупости
За време на секс не си мислете како изгледате отстрана. Дали сте благодатно поставен во поза, дали осветлувањето не паѓа премногу косо, не ви ги нагласува прекрасните сини очи и слично. Партнерот одамна ве разгледал детално и проценил дека сте ок.
Исклучок: Ако се сликате во порнофилмови. Но тогаш режисерот ќе ја има грижата.
8. Напредно Галење
Запомнете дека женското тело се состои и од други делови, освен она најважното, таму долу. При тоа некои од нив се речиси исто толку чувствителни. Не оставајте бели дамки во географијата на нејзиното тело.
Исклучок: Има причини делот да биде најважниот.
9. Здравствено осигурување
Без добри заштитни средства нема добар секс. Така нема да има потреба да мислите за ризик од несакана бременост, туку за далеку пријатни работи. Пак и пријатноста под покривката нема да доведе до непријатен курс со антибиотици.
Исклучок: Ако верувате на партнерот како на швајцарска банка и ако намерно се стремите кон создавање на поколение.
10. Основното правило
Во сексот нема никакви правила.
Исклучок: Нема.



















