Доцни замрзнувањето на водата и создавањето мраз на Артикот

106

Научниците предупредуваат дека поголем дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува иако е крај на октомври. Засега тоа е најдоцен регистриран период во кој сè уште не е создаден мраз.

Климатскиот научник Захари Леби од Државниот универзитет Колорадо истакна дека Арктикот во моментот има најмало количество мраз за овој период.

– Количеството оваа есен е апсурдно. Мора да обрнеме внимание на овие показатели на климатските промени, напиша Леби на Твитер.

Арктичкиот морски мраз вообичаено ја достигнува најниската точка во септември, а највисока во март, но сега дебелината на морскиот мраз е под просекот.

Еколозите предупредуваат дека недостигот на мраз не е само предзнак на трагичните климатски промени, туку може да влијае и врз животот во морето, бидејќи мразот со себе носи хранливи состојки за арктичкиот планктон.

Морето не е замрзнато поради необично топлото времне во северниот дел на Русија, сибирскиот топлотен бран од пролетта, како и глобалното затоплување. Создавањето на мраз на Арктикот е значително забавено изминатите години, а 2020 година е најлоша година.