Стресот е природна реакција која го става телото во висока готовност. Но, кога е хроничен, остава последици по телото и психата.
Многумина сметаат дека стресот е само лоша појава, но работите не се толку едноставни, имајќи предвид дека стресот е природна, но и многу вредна телесна реакција.
Во ситуација која ја сметаме за заканувачка, нашето тело е ставено во состојба на висока готовност.
Тоа предизвикува реакција во нашиот мозок, објаснува д-р Ralf Suhr, претседател на Фондацијата за здравствена писменост со седиште во Берлин, непрофитна организација чија цел е да им овозможи на луѓето да донесуваат информирани здравствени одлуки.
Сигнализирачките молекули наречени хормони на стрес, како што се норадреналин, адреналин и кортизол, се ослободуваат во крвотокот. Резервите на енергија се ставени во функција, а организмот станува повнимателен и способен побрзо да реагира. Таквата состојба, во која организмот избира да се бори, да бега или да се парализира, било од витално значење за нашите праисториски предци кога, на пример, одеднаш би се соочиле со ѕвер.
Денес, средбата со дива мечка ретко е предизвикувач на стрес. Во модерното време, тоа се други, секојдневни стресови, како што се семејните или финансиските проблеми, или од прекумерни работни обврски, постојаното притискање на времето или преоптоварувањето со сетилата со брзо темпо во дигитално поврзаниот свет.
Овие предизвикувачи предизвикуваат хроничен стрес и му оставаат на телото недоволна можност да се врати во нормална, опуштена состојба, а со тоа ги стимулира биохемиските процеси кои можат да доведат до болест.
Но, студиите не покажале недвосмислено директна врска помеѓу стресот и одредени болести, вели Suhr.
Сепак, различни болести се во корелација со хроничен стрес, бидејќи тој потенцијално го оптоварува нашиот имунолошки систем и на тој начин нé прави поподложни на инфекции. Покрај тоа, луѓето под стрес често усвојуваат нездрави навики како што се пушење, недоволно спиење или незаситнo конзумirawe на нездрава храна.
Какво е влијанието на стресот врз одредени телесни системи?
⇓
Продолжува на страна 2