Лекции кои ги научив како девојче, а ги заборавив како мајка

233

Секој родител сака да му обезбеди на своето дете среќен и безбеден живот, но за жал секогаш не е се во наши раце. Мајката Кејт Швајцер подготви за нејзината ќерка неколку совети со кои се надева дека ќе памети целиот живот.

– Често размислувам за животните лекции на кои би сакала да ја научам својата ќерка. Сепак размислувајќи за тоа открив дека многу лекции кои јас ги научив на нејзина возраст некако се изгубиле и дека денес, како мајка, повторно учам со неа, вели таа.

– Понекогаш мислам дека бев попаметна и помудра како млада. Тоа најверојатно е поради тоа што по безгрижното растење се сретнуваме со животот, кој секогаш не е секогаш толку убав како коге сме биле мали и кога за нас се грижеле мајката и таткото. Сите тие препораки и проблеми на патот на созревањето не менуваат и преобликуваат, но поради тоа ние често заборавме на тоа кој сме биле и што сме знаеле, додава Швацер.

– Од таа причина би сакала моето девоче секогаш да запомни следниве важни животни лекции, кои јас за жал успеав да ги заборавам, додава таа и ги набројува лекциите:

Верувај на својот инстикт

Од мали нозе твојот инстинкт ќе те води. Следи го. Тоа е твојата интуиција, а девет од десет пати излегува дека е во право. Како што се расте, можеби се случува вербата во себе да престане. Често некој друг ќе те убедува во нешто друго и ќе ти го смени начинот на размислување, но важно е да не се отстапи од она во што се верува.

Ризикувај, но биди свесни за последиците

Немој да се плашиш од скок. Само да биде подготвена на она што те очекува ако паднеш.

Никогаш не дозволувај некој да те разубеди дека нешто не можеш

Можеби за тоа сега не си свесна, но во некои моменти од својот живот ќе почнеш да се мислиш дека постојат одредени работи кои не се за тебе, дека само момчињата се добри за тоа, дека само богатите деца можат тоа да си го дозволат, дека само популарите девојки можат да одат таму… Ако тоа го дозволиш мошнебрзо ќе ти стане стандарден начин за размислување. Ти си господар на својот живот и можеш се, ако тоа искрено го посакуваш.

Продолжува на страна 2