Дел од човечкото тело што Леонардо не успеал да го скицира | Фото

129

Пред половина милениум, Леонардо да Винче, уметник и изумител ги скицирал деталите на човечката анатомија неверојатно прецизно – сепак, еден дел од телото не успеал да го долови.

Поточно, тој нацртал некои анатомски карактеристики како да имал пред себе слика направена од уредите на денешната напредна технологија. Да речеме дека неговиот нацрт на рамото скоро да изгледа како тродимензионална визуелизација.

Меѓутоа, кога станува збор за делови од женскиот репродуктивен систем, таа прецизност недостасува. Покрај тоа, грлото на матката и останатите делови на репродуктивниот систем на жените сѐ повеќе личат на животински отколку човечки. Причината за ова е што Леонардо – најверојатно – правел скици користејќи ги животните како модел.

Поточно, објаснува Питер Абрахамс од Медицинскиот факултет на Универзитетот Ворвик, славниот уметник веројатно имал потешкотии да пронајде тело со женски пол и не успеал да ја анализира анатомијата на женското тело до таа мерка како што го познавал машко.

„Дефинитивно тогаш било потешко да се најдат женски тела за сецирање, па затоа тој немал многу можности“, со жалење забележува Абрахамс, додавајќи дека во времето на Леонардо, мртвите тела не биле чувани за подоцнежна анализа, затоа што би почнале да гнијат по два или три дена.

Сепак, овој детал не ја намалува неверојатната работа на Леонардо да Винчи. Колку бил пред неговото време, најдобро илустрира фактот дека денешните анатомисти само шеесет години се занимаваат со деталите на мускулите и тетивите на прстите, на ист начин како и Фирентинецот пред повеќе од половина милениум. Исто така, тој е прв што точно го скицирал човечкиот ‘рбет, скоро целосно утврдувајќи како се движи крвта низ човечкото тело – а таа мистерија е откриена дури во 1628 година – цел век по смртта на Да Винчи.

„Тој сакаше да разбере како функционира човечкото тело“, рече Абрахамс за LiveScience. „Го набљудувал човечкото тело како што тоа го прави еден механичар. Голем дел од тој труд денеска е многу, многу важна“.