Направиле чоколадо од 24 каратно злато

127

Дијаманти, злато и секакви скапи производи се почесто се дел од менито на луксузна, рачно изработена храна.

Најновото искушение доаѓа од Австралија, каде швајцарска компанија лансираше ексклузивна лимитирана серија од чоколадо обвиткано во 24-каратно злато.

Чоколадите се изложени во нов чоколаден бар и се во чест на кинеската Нова година. Од слаткото искушение ќе бидат создадени само 88 примероци.

Претходно, јапонскиот мајстор за тесто Нобуо Икар изработи колач кокрит со платина. Цената му е 130 илјади долари.
Најскапата “дијамантска” торта пак чини скромни 1,65 милиони долари со над 200 дијаманти.