Потребно
- 1 лажичка маслиново масло
- ½ средно голема главица кромид, исечкана
- 1 чешне лук, исечкано
- 200 г шпагети
- 180 г домати од конзерва
- 150 г туна од конзерва
- 540 мл вода
- суво оригано
- 10 црни маслинки, се сечат
- 1 лажица сув босилок
- сол и бибер по вкус
Подготовка
Ставете ги маслиновото масло, кромидот и лукот во садот за готвење. Изберете соодветна програма за пржење од менито и поставете време 5 минути. Притиснете старт и промешувајте постојано.
Скршете ги шпагетите на половина и ставете ги во сад за готвење, со тоа што ќе ги помешате со останатите состојки. Додадете ја водата.
Одберете програма за динстање, поставете време 20 минути и затворете го капакот. Притиснете старт и оставете да се готви.



















