Родила бебе кога имала само 5 години | Приказна за најмладата мајка во историјата на медицината

1871

Родена е во 1933 година во фармерско семејство во перуанското село Тикарпо. Кога Лина имала пет години, нејзините родители ја донеле во болница. Биле многу загрижени затоа што девојчето имало надуен стомак. Првично, се претпоставувало дека Лина има тумор. Подоцна се покажало дека девојчето било во седмиот месец од бременоста, пишува National Geographic.

Во мај 1939 година, кога имала пет години и седум месеци, таа родила машко дете со царски рез, неопходен заради неразвиената карлица на девојчето. Нејзиниот син имал 2,7 кг при раѓање и го добил името Герардо по докторот Герардо Лозада кој ја породил. Врз основа на медицинската документација, било заклучено дека Лина останала бремена пред да наполни пет години.

Извештајот за овој случај бил објавен во медицинското издание La Presse Medicale. Извештајот посочува дека таквата рана концепција била можна поради раниот развој на девојчето. Првата менструација девојчето ја добила на возраст од 8 месеци, а до четиригодишна возраст имала доволно развиени млечни жлезди; на возраст од 5 години, веќе е забележано карактеристично проширување на карличните коски. Освен што – бидејќи медицинската документација е детално чувана – Лина е заведена како најмлада мајка, таа е и најмладата личност со која е документиран предвремен пубертет.

Лина Медина во напредна бременост (лево); Лина Медина со нејзиниот лекар и синот (десно)

Лина сега има 87 години и живее во Лима, главниот град на Перу. Лина се омажила за Раул Хауарда и во 1972 година, 33 години по првото породување, во тој брак доби втор син. Никогаш не открила кој е татко на првото дете.

Фактот дека Лина му е мајка, а не сестра, Герардо го дознал дури на 10-годишна возраст. Герардо се развил правилно и имал нормален живот. Починал во 1979 година на 40-годишна возраст од болест на коскена срцевина.

Случајот на Лина не е единствен во историјата на медицината, барем од моментот кога лекарите и научниците започнале да ги забележуваат феномените.

Лина Медина со нејзиниот син Герардо

Пред Лина, во 1934 Јелисавета Пантуева од Краков, родена во август 1928 година, се породила на само шест години.

Пораѓањето на Елисавета било природно, бидејќи, и покрај антропометриското несогласување кај возрасна жена, бременоста поминала нормално – девојчето роди здраво бебе долго 50 сантиметри и тешко 3 килограми. Меѓутоа, за време на раѓањето, папочната врвца се заплеткала и детето починало.

Јелисавета преживеала, а откако била пуштена од болницата, со своето семејство се преселила на Далечниот исток, каде што одела на училиште, но нема сигурни информации за нејзиниот живот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.