13 необични знаци дека дефинитивно сте поинтелигентни од останатите

373

Интелигенцијата не е секогаш очигледна, бидејќи може да се должи на генетиката, личните избори, навиките и интересите.

Но, сепак постојат неколку заеднички карактеристики што ги красат сите исклучително интелигентни луѓе.

Обидете се да ги пронајдете кај себе следниве 13 особини за да дознаете дали сте попаметни од останатите…

1. Алкохол. Иако звучи парадоксално, истражувачите откриле дека интелигентните луѓе пијат повеќе алкохол. Едно истражување открило дека децата со повисок коефициент на интелигенција почесто консумирале алкохол додека растеле за разлика од децата со просечна интелигенција.

2. Мрачна смисла за хумор. Дали ви се допаѓа црниот хумор и шегите за смртта? Според некои истражувања, за да можете да ги разберете мрачните шеги, мора да имате високо ниво на вербална и невербална интелигенција, како и повисоко образование.

3. Доење. Едно неодамнешно истражување открило дека децата кои биле доени во текот на првите 12 месеци од нивниот живот, имале повисок коефициент на интелигенција и заработувале повеќе пари.

4. Дрога. Едно истражување нашло врска помеѓу детската интелигенција и нелегалната употреба на дрога. Жените со повисок коефициент на интелигенција почесто консумирале канабис, амфетамин, кокаин и магични печурки, а поинтелигентните мажи земале ЛСД, екстази или темазепам.

5. Музички талент. За целите на едно истражување од 2011 година, учениците биле ставени во 2 различни одделенија. Едните учеле музичко, а другите ликовно. За само 20 дена, 90% од децата во музичкото одделение покажале повисоко ниво на вербална интелигенција.

6. Губење невиност. Некои истражувања од 2000-та година покажале дека помеѓу тинејџерите, оние кои сѐ уште немале сексуални односи, имале повисока интелигенција. Тинејџерите со понизок коефициент на интелигенција премногу рано го започнале својот сексуален живот.

Продолжува на страна 2