СТЕВО СИМСКИ – добитник на престижната награда „Григор Прличев“ за поемата „Таинство на богомилите“

306

НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид објавува:

СТЕВО СИМСКИ – добитник на престижната награда „Григор Прличев“ за наградената поема за 2019 година „Таинство на богомилите“ под шифра „Пролог“.

СТЕВО СИМСКИ – Поет, раскажувач, писател за деца, сценарист. Роден 1953 година во Јабука, Србија. Живее во Скопје од 1961 година. Петнаесет години работел како наставник по македонски јазик. Од 1997 – 2016 година, како дипломат, работи во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Добитник е на над десетина награди на конкурсите за краток расказ. Автор на над 80 ТВ сценарија снимени од МРТВ, ТВ Алфа и ТВ Сител..

Автор е на книгите: Бродот нуркач (поема за деца, 1991), Лаѓа од картон граѓа (брзозборки, 1992), Ѕвездена порта (роман, 1993), Источен ѕид (поезија, 1999), Раѓање на ангелот (поема, 2001), Зимска шапка (раскази, 2002), Виолетов дожд (раскази, 2004), Недеремено око (поезија, 2008)

Наградени книги: Прва награда на Подкозјачките поетски средби, 1999, за збирката песни Источниот ѕид. Прличева награда за поемата Раѓање на ангелот за 2000 година.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.