Пост на мајка за сајбербулинг кој речиси ја уништил нејзината ќерка

2188

Она што се случува помеѓу тинејџерите и адолесцентите е навистина веќе надвор од контрола, а жртви на сајбербулинг, односно, насилство на интернет, има сѐ повеќе заради што родителите ширум светот со право стравуваат за своите деца.

Но дури и кога мислите дека такво нешто не може да му се случи на вашето дете затоа што сте сигурни дека би забележале доколку нешто такво се случува, искуствата велат дека децата кои се малтретирани на овој начин до првото признание на родителите, веќе проживуваат трагедија која остава неповратен белег на нивните животи. За жал, за дел од нив, е навистина предоцна.

Затоа една мајка од Ирска решила да обелодени што ѝ се случувало на нејзината 17-годишна ќерка откако се бакнала со поранешното момче на нејзината соученичка.

Мајката го објавила постот на Фејсбук, а досега го споделиле повеќе од 10.000 луѓе. За ова пишувал и Irish Independent.

„Помина една година откако и самите се најдовме во вртлогот на малтретирањето, а сѐ почна со видео запис кој со името на мојата ќерка го тагираше девојката која одлучила на овој начин да ѝ се одмазди поради бакнежот со нејзиното поранешно момче.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.