ПРЕСТАНЕТЕ ДА НЕ ПРАВИТЕ БУДАЛИ ! Познат научник и шеф на Пентагон анализирале NLO ! Видео

1365

Теоретскиот физичар од Harvard University, Avi Loeb и Sean Kirkpatrick, директор на Pentagon’s All Domain Anomaly Resolution Office (AARO), коавтори на нов научен труд во кој ги користеле законите на физиката за да објаснат низа видувања на NLO!

Заклучокот е: Овие вселенски летала им пркосат на законите на физиката

Трудот насловен како “Physical Limitations of Unidentified Aerial Phenomena” („Физички ограничувања на неидентификувани воздушни феномени“) ги испитува наводните движења и перформанси на необјаснети објекти забележани од пилотите на американската морнарица во близина на брегот на United States.

NLO секако не им се непознати. Leb е астрофизичар кој бил вклучен во потрагата по вонземјани, додека Kirkpatrick се занимава со вакви феномени како дел од US Department of Defense.

Двајцата тврдат дека наводната изведба на овие „објекти со големо маневрирање“ е толку екстремна што би морале да произведат видлива огнена топка, како и соодветен радио потпис што би можел да се види на радарот.

Фактот што овие ефекти не биле присутни во тоа време сугерира дека овие објекти некако им пркоселе на законите на физиката или дека податоците за таквите средби можеби не се точни.

Поточно, покажуваме дека триењето на NLO со околниот воздух или вода се очекува да генерира светла оптичка огнена топка, јонизирачка обвивка и опашка, што имплицира радио потписи. Недостигот на сите тие потписи може да значи дека мерењата се неточни, заклучиле тие.

Бонус видео