– Интуицијата не води, но само акo ja слушаме – пишува Брус Касаноф, американски експерт за развој на кариерата.
Според него добрата интуиција е највисоката форма на интелигенција кои ја имаме.
За што станува збор?
За оние кои се уште не сфатиле, Касаноф вели: Тоа е она лошо чувство кога некков немир кој ве вознемирува и не ви дозволува да заспиете додека не сфатите што го предизвикува.
Според Касаноф, интуицијата е одговорна за некои од нашите навидум ирационални и неразумни однесувања, бидејќи интелигенцијата не присилува да ја послушаме дури и по цена на нарушување на извесни општествено прифатени конвенции.
– Ако погледнете низ историјата, само таквите луѓе вистински напредуваат, ги рушат рекордите и поставуваат нови граници кои претходно се чинеле недостижни.
Според него станува збор за еден од основните инстинкти кој го носиме во себе, и кој, ако го нагуваме и „избрусиме“ може да стане фантастична алатка која значително го поедноставува животот и процесот на донесување одлуки.



















