Шума со дрвја кои се движат | Quito, Ecuador | Видео

2869

Потребен е цел ден за да се стигне од Кито, главен град на Еквадор, до резерватот на биосферата Сумако, сместен сто километри југоисточно.

За да се стигне до ова необично место, прво со автомобил се патува три часа до крајот на шумата, а оттаму уште седум до 15 часови со брод или пеш, претежно по угорнина, по калив терен.

Но напорот се исплати, со оглед на тоа дека ќе се најдете среде шума, во која се наоѓаат палми кои одат.

– Како што земјата еродира така дрвјата пуштаат нови, подолги корени, кои бараат ново поцврсто земјиште и на оддалеченост од 20 метри, вели Петер Врсански, палеобиолог од Словачката академија за науки во Братислава.

– Корењата потоа продираат во тоа ново земјиште, дрвото се свиткува кон него, а старите корени полека се издигнуваат во воздух. Можат да поминат неколку години пред дрвото да најде место на кое има доволно сончева светлина или на локација со соодветно квалитетно тло, додаде Врсански.

Овој научник престојува во шумата неколку месеци, откривајќи ги и бележејќи ги сите закани, кои би можеле да го загрозат ова необично место.

Една од најголемите закани претставува сечењето на дрвата, што со години е пракса на локалното население.

– За жал дрвото не може да оди доволно брзо за да побегне од моторните пили и мачети, вели Врсански.

Освен палмите со необични вештини, овој резерват има и различни животни форми. Во поединечни делови на шумата живеат околу 500 различни видови на птици, 51 вид на големи цицачи, 65 видови на рептили, 61 вид на водоземец, шест илјади видови билки, 600 видови пеперутки и неколку примероци на папратни дрва, стари и по неколку стотини години.

– Откако сум тука, пронајдов два нови видови жаби и гуштери, неколку водопади, голема група волнести мајмуни… Условите се тешки, за само една недела загубив десет килограми. Но моментално заборавив на тоа кога на едно место сум пронашол околу 150 различни видови на бубашваби, заклучува Врсански.