Што е подобро – кафе или чај?

300

Поголемиот дел од луѓето не можат да го започнат денот без да се напијат шолја кафе. Некои обожаваат да пијат црно кафе, додека пак голем дел од луѓето практикуваат да пијат кафе со млеко.

За некои утринското кафе е посебен дел од денот наменет за расонување и уживање. Секако, туку се и онаа група на луѓе коишто не се обожаватели на кафето и повеќе сакаат да пијат чај. Во која група спаѓате вие?

Поголемиот дел од луѓето сметаат дека кафето е најдобар начин за расонување и може да помогне во текот на денот да имате повеќе енергија и подобра концентрација, додека пак чајот го сметаат за топол напиток кој се пие во зима, особено кога имате настинка или болки во грлото, стомакот и слично.

Исто така, голем дел од луѓето обожаваат да пијат и кафе и чај, без разлика на тоа кое годишни време е и какви се температурите надвор. Дали некогаш сте размислувале кои се придобивките од кафето и чајот и што е подобро да се консумира секој ден?

Првин ќе зборуваме за чајот, а особено за зелениот чај кој во последно време е многу популарен и сè повеќе луѓе практикуваат да го консумираат секојдневно. Познато е дека чајот има голем број на придобивки за човековиот организам. Голем број на истражувања покажале дека луѓето кои редовно консумираат чај се поздрави и подолговечни од луѓето кои не го консуираат воопшто. Доволно е секој ден да се пијат две шолји чај, бидејќи тој е добар за организмот и го намалува ризикот од појава на тешки болести.

Зелениот чај е одличен за имунитетот, го спречува развојот на канцерогени заболувања, ги штити и зајакнува коските, а исто така помага и во намалувањето на вишок килограми. Црниот чај исто така има позитивно влијание врз организмот, а покрај тоа богат е со кофеин, така што е подобро шолјата кафе да ја замените со шолја црн чај.

Кога станува збор за кафето, важно е да се спомне дека и тоа е здраво. Неколку истражувања покажале дека луѓето кои консумираат кафе се повеќе здрави и долговечни, за разлика од оние кои го избегнуваат кофеинот. Но, мора да се нагласи дека зборуваме за црното кафе. Доколку пиете обично црно кафе, без никакви додатоци, тогаш ќе спречите појава на голем број инфекии, воспаленија во организмот, а исто така го штитите и срцето.

Сепак, внимавајте со количините кафе кои ги внесувате дневно и избегнувајте да пиете кафе со млеко и многу шеќер.