Поранешен хакер | „Ова се најлошите ствари на dark web, а иднината е уште полоша“ | Видео

137

Во свет каде што повеќето луѓе ја избегнуваат темната страна на интернетот (dark web) – еден вид онлајн андерграунд за кој многумина не сакаат ништо да знаат – постои група на луѓе кои го истражуваат, а дел од содржината што се наоѓа таму е навистина застрашувачко, според зборовите на поранешен хакер.

Со повеќе од 30 години искуство во пробивања на софтвер и длабоки податоци, поранешниот хакер ја започнува приказната со потсетување на „деструктивни напаѓачи кои сакаат да го видат светот како гори“, навестувајќи каква содржина може да се најде таму.

Анонимниот хакер се нарекувал себеси “black hat”, што значи дека не бил обврзан со никаков етички кодекс и веројатно бил мотивиран од зла намера.

Но, сега се нарекува “black hat”, член на добрите Самарјани на Интернет кои тврдат дека работат на подобрување на општото добро, го почитуваат законот и често имаат задача да најдат слаби точки во безбедносниот софтвер.

Злонамерен софтвер

Неговата нова улога вклучува потрага по пропусти во системите кои би можеле да претставуваат „значаен ризик“. Зборувајќи за ransomware – малициозен софтвер создаден да блокира пристапи до компјутерски системи, овој мистериозен човек вели:

„Тоа е техника на напад која постои со децении. Современиот ransomware е обично malware софтвер кој сам се инсталира на вашиот систем, ги шифрира сите ваши податоци и потоа ги држи во заложништво, барајќи да контактирате со бандите што го управуваат и да им платите некој вид валута пред да ви го дадат клучот за дешифрирање на податоците“.

Зборувајќи за грозните работи на кои бил сведок:

„Гледав болниците како се шифрираат, а луѓето останаа пред избор: да платат за да ги дешифрираат податоците или да ги ризикуваат своите животи“.

„Тие нема да го хакираат нуклеарниот арсенал, но…

Тој објаснува како хакирањето се менувало низ годините:

„На почетокот, откупниот софтвер барал стотици или можеби илјадници долари за поединечни цели. Сега зборуваме за огромни исплати, во десетици милиони. Во последниот напад, биле побарани 70 милиони долари за клуч што ќе го отклучи секој компјутер шифриран за време на тој напад. Значи, зборуваме за игри со високи влогови“.

Што се однесува до иднината, анонимниот хакер вели:

„Мислам дека не треба да се грижиме премногу за тоа нашиот нуклеарен арсенал да биде компромитиран како во филмови и да биде искористен против нас“, па продолжува:

„Сепак, мислам дека треба да се грижиме за сериозните влијанија врз финансиските пазари или потенцијалните влијанија врз, на пример, производството на електрична енергија“.