Некои луѓе заспиваат веднаш откако ќе легнат на креветот, но некои се мачат подолго време за успеат да заспијат.
Доколку спаѓате во втората група, тогаш овие неколку позиции ќе ви помогнат побрзо да заспиете.
Нозете кренати на ѕидот
Легнете на креветот така што ќе гледате накај ѕидот и ставете перница под половината. Потоа, кренете ги нозете, убаво исправете ги и потпрете ги петиците на ѕидот. Рацете нека ви бидат покрај телото. Останете во оваа позиција 2 минути, а потоа полека спуштете ги нозете и убаво свртете се за да легнете да спиете.
Вежба на стомак
Легнете на креветот, со перница под стомакот и позади грбот фатете ги рацете. Вдишете длабоко, свиткајте го грбот и прстите на стапалата и потрудете се да стигнете до петите со вашите раце. Потоа, полека вратете се назад и издишете. Оваа вежба повторете ја 5-10 пати. Потоа, разделете ги рацете и опуштете се.
Раширени нозе
Седнете со нозете широко отворени и ставете перница пред вас. Исправете го грбот и вдишете највеќе што можете. Потоа, полека издишувајте и истегнете ги рацете нанапред, додека лежите на перницата. Додека лежите во таа позиција вдишете и издишете 10 пати, а потоа кренете се.
Споени стапала
Легнете со грбот на перницата, спојте ги стапалата, додека колената ви се раширани. Рацете нека ви бидат опуштени, испружени покрај телото, со дланките свртени нагоре. Дишете длабоко. Останете во оваа позиција 3 минути.
На грб
Легнете со грбот на парницата, малку раширете ги нозете и рацете ставете ги покрај телото, со дланките свртени нагоре. Рбетот и главата нека ви бидат во права линија. Вдишете трипати длабоко, а потоа издишете низ нос. Потоа 4 пати вдишете и издишете нормално. На овој начин ќе се почувствувате сонливи и потоа ќе заспиете во длабок сон.



















