Како полесно да се ослободите од херпесот

194

Иако речиси секој од нас во некој период од животот може да го добие вирусот на херпесот, тој не кај секого се развива како клиничка инфекција.

Со зајакнувањето на имунолошкиот систем, значајно може да се спречи појавата на херпеси.

Ако некој кој е еднаш заразен со вирусот херпес симплекс, останува негов носител целиот свој живот.

Херпес симплекс

Симптоми

Вирусот создава мали, болни меурчиња на усните. Овој вирус е заразен. Тој се пренесува со бакнување или со друг личен контакт со личност која е заразена од вирусот или со предмети кои се допираат со вирусот- крпи, цевки за пиење, прибор за јадење).

Херпес симплекс предизвикува низа на симптоми кои траат помеѓу една и три недели пред да се појават меурчињата. Личноста може да се пожали на болка во грлото или да забележи отечени лимфни жлезди. Можна е и појава на тешкотии во голтањето или треска.

Во некои случаи, постои пецкање во подрачјето каде меурчињата ќе се појават или чешање на кожата. Иако меурчињата кои се појавуваат како херпес изчезнуваат за од два до десет дена, вирусот останува „успиен“ во телото.

Тој ќе живее во нервните клетки и може да избие повторно кога нешто ќе го активира. Тие активатори може да бидат стрес, болест како настинка или грип, замор. Некои луѓе чувствуваат трнење во областа каде ќе се појави херпесот. Симптомите на херпес може да се појавуваат често: дури и еднаш месечно. Секое ново избивање на херпес ќе биде полесно и поблаго како што времето поминува, но и понатаму ќе се појавува на истото место.

Вирусот херпес симплекс не може да се излекува со никакви лекови Антибактериските кремови може да помогнат да се запре каква било инфекција која може да се појави кога меурчињата пукаат и кога кожата е оштетена. Раната не треба да ја допирате.

Продолжува на страна 2