Како полесно да се ослободите од херпесот

3310

Алтернативни решенија кои можат да го олеснат проблемот

1) Ладно-топли облози на погодените подрачја. Ако имате меурчиња на усните, пробајте наизменично да ставате мраз и топол чај.

2) Измијте ја устата со топла вода, помешана со морска сол

3) Изгбегнувајте многу зачинете храна, цитрони или која било храна која може да ви предизвика печење на местото

4) Антивирусни лекови како што се ацикловир, кој може да ви го препише вашиот лекар, но мора да го употребувате откако ќе се појават првите знаци на херпес

Природни лекови против херпес сиплекс

Ехинацеа

Бројни студии покажале дека ехинацеата влијае врз факторите кои предизвикуваат воспалителни процеси. Таа влијае врз лекување на ткивото и спречува создавање лузни. Клинички е докажано дека влијае антивирусно против херпес сиплекс.

Масло од чајно дрво

Маслото од чајно дрво дејствува антимикробно против вирусот хепрес сиплекс. Студиите покажале дека го намалува времетрањето од 12 на 9 дена на херпесот.

Прополис

Прополисот има антибактериски дејствија, антивирусни и антигабични својства. Се верува дека има и антисептичко дејство, а исто така го зајакнува имунитетот, но и делува локално. WebMD препорачува користење на прополис маст пет пати дневно на зафатените области. Стручњаците истакнуваат дека флавоноидите во пчелниот прополис дејствуваат антиоксидативно и помагаат во борбата против инфекции и го зајакнуваат имунитетот.

Цинк и витамин Ц

Клиничките истражувања покажуваат дека земањето на цинкот и витаминот Ц орално, може да ги намали симптомите за херпесот. Витаминот Ц го зголемува нивото на глутатион, протеин кој служи за формирање на аминокиселини кои дејствуваат против вируси. Надворешната примена на цинкот исто така се покажало како ефикасно во ублажувањето на симптомите и го спречува повторното појавување на херпес.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.