Зошто кучињата живеат пократко од луѓето?

1132

Една фамилија поканила ветеринар да прегледа 10-годишно куче. Сопствениците на кучето се надевале на чудо, но кучето било тешко болно, а еутаназијата била единствениот излез.

Бидејќи многу биле врзани за него, решиле заедно со синот, шестгодишното момче, да бидат со кучето. Момчето било изненадувачки мирно, си го гушкал кучето, се галеле, а ветеринарот мислел дека можеби не е ни свесно што се случува.

Тоа момче без никакви тешкотии го прифатило заминувањето на својот миленик. Родителите, заедно со ветеринарот, решиле да зборуваат за тоа „зошто кучињата живеат пократко од луѓето“, но момчето само одмавнало со рака и рекло: „Веќе го знам одговорот“. Сите го погледнале зачудено.

На тоа тој само се насмевнал: „Знаете, луѓето се родени за да научат да живеат добро, како да сакаат, да бидат љубезни со другите и слично, нели? Е, кучињата тоа веќе го знаат, па затоа не мораат тука да останат толку долго како ние“.

Живејте едноставно
Сакајте искрено
Бидете добри према себе и со другите