Extreme Love | Девојка постара од момчето 60 години, лик кој ја тови својата девојката со 8.000 калории дневно и други фетиши

282

Extreme Love е британска документарна серија која прикажува необични двојки (ова е многу благ избор на зборови) и која е доказ дека очигледно за сите на оваа планета има некој, без разлика колку чудни сте.

Но, кој сме ние да судиме?

Така во оваа серија, можете да видите двојки како 31-годишниот Kyle и неговата дури 60 години постара девојка, 91-годишната Marg или пар каде што жената се однесува како тригодишно дете, а нејзиното момче се грижи за неа, ѝ ги менува пелените и ја храни. Тука е и Сид, лик од Тексас, кој секој ден ја храни својата девојка со 8.000 калории. Има тука уште куп WTF приказни, но ние ги избравме овие три.

Животот навистина пишува најлуди приказни.

Кога имаш девојка постара 60 години од тебе

За разликата во годините меѓу љубовните двојки секој има свое мислење. На некој се над пет години разлика е многу, но многу луѓе сакаат нивниот партнер да е постар 10тина години. Многу холивудски двојки разликата во годините дури ја направиле трендовска и се помалку се гледа под око на жени кои дејтуваат многу помлади мажи или обратно. Но, да го разгледаме терминот “доволно” за момент. Што значи да се биде многу постар? Постои ли некоја граница?

За Kyle (31) и неговата девојка Marg (91) очигледно не постои. Иако на некои нивната врска може да изгледа _________ (внесете збор, не сакаме ништо да сугерираме), Kyle вели дека Marg за него е совршена, бидејќи “отсекогаш го привлекувале постарите жени.” Заедно со Marg, заводникот Kyle оди и со една друга жена, помлада, 68-годишна, која е нешто повеќе од дупло постара од него. Човек треба да се обезбеди, Marg нема да живее уште долго. Тоа е еден, би рекле, технички недостаток во врската во која партнерот е над половина век постар од тебе.

Кога имаш фетиш на бебе, но не сакаш да бидеш педофил

Оваа двојка има заеднички фетиш на бебиња. Начинот на кој таа сака да биде бебе, а тој сака да биде со бебе, претпоставувам. Колку и да звучи ужасно, полошо е за тоа да се пишува. Оваа девојка се однесува како тригодишно бебе кое вклучува носење пелени, пиење од шишето и галовно зборување. Момчето ужива во тоа да ѝ ги врзува патиките, да ја храни, и ако била “добро девојче”, да ја однесе во парк. Таа за себе вели дека е како Петар Пан и дека никогаш не сака да порасне, а нејзиното момче го вика “daddy”. Daddy issues maybe?

Кога ја товиш девојката со 8000 калории дневно

Некои меѓу нас сакаат слабички, некои полнички. А и меѓу нив, се разбира, постојат екстреми. Сид од Тексас (зошто ова не нè изненадува) е горд на дебелината на неговата девојка и не е еден од оние кои ќе настојуваат да ја намали тежината. Не, ова не е време да кажете “ваууу, колку е убаво”.

Сид, не само што не сака неговата девојка да изгуби неколку килограми, туку внимава секој ден да внесе во себе (тој ја храни) минимум 6000 калории, што значи дека Моника на ден јаде за четири просечни девојки. Нивната заедничка цел е Моника да стане толку дебела да не може да оди.

Девојките, премногу се трауматизирате за околу 5 кг вишок. Во овој свет постои некој за секоја тежина.

Во Extreme love има многу бизарни приказни и чудни парови, од полиморни вампири, до лик кој сериозно зборува со куклата на воздух, или оној кој општи со сопствениот автомобил.

Не знам што би мислеле?! Проценете сами.

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg