Дали сте личност која пружа или која одзема?

103

Може да се каже дека луѓето се делат на оние кои пружаат и на оние кои одземаат. Вие можете да се дефинирате себеси како едните или како другите. Не треба веднаш да се осудувате.

Постојат голем број на различни луѓе на светот и секоја личност има своја посебна цел и пат. Длабоко во себе секоја личност е добра, но понекогаш општеството, притисокот, парите, моќта и други работи, можат да влијаат на личноста и да направат таа да тргне кон погрешниот пат.

Кога ќе размислите подобро, во која група на луѓе би спаѓале вие, оние кои пружаат или оние кои одземаат? Кога една личност ќе ја најде вистинската среќа, ќе се разбере себеси и ќе се поврзе со внатрешните желби и мисли, тогаш повеќе нема да има потреба да зема нешто од луѓето околу. Луѓето кои пружаат, разбираат дека има доволно место и можности за сите и животот го сфаќаат како поврзување, давање, делење, помагање и сакање.

Кога ќе застанете и ќе ги анализирате оние личности кои одземаат, ќе сфатите дека тоа се луѓе кои се гладни за пари и за моќ, но и луѓе кои не се чувствуваат удобно во своја кожа и многу често имаат слаба конекција со другите и убавиот свет околу нив. Гладта и очајната желба за успех, моќ, слава, понекогаш прави луѓето да заборават на сите важни и убави работи и да тргнат во погрешен правец. Добрината, удобноста, љубовта, мудроста, тоа е она коешто треба секогаш да го пружате. Тоа ќе ви донесе мир и радост. Вистината е дека постои карма, па затоа секогаш трудете се да ви се враќаат само убави работи.

Можете да забележите луѓе, без разлика на возраста, кои се однесуваат алчно, незрело и кои не се поврзани со својот внатрешен дух и не се поврзуваат длабоко со другите. Од друга страна имате луѓе, кои се од нив дупло помлади, а сепак се помудри од својата возраст и се поврзани со природата и ја разбираат големата слика на животот. Сепак, може да се каже дека луѓето кои пружаат се почувствителен тип. Тие дејствуваат на начин којшто сметаат дека е правилниот, често донесуваат одлуки со срцето, а не со главата.

Во животот понекогаш има лоши ситуации кои се важни лекции, понекогаш ќе доживувате големи неуспеси и тешки моменти, но треба да запомните дека секогаш има надеж и секогаш можете да успеете да правите големи работи. Колку и да е тешко, никогаш не гледајте се себеси како жртва. Секој го живее својот живот на свој начин и чекори по својот пат, но запомнете дека треба да престанете да ги осудувате другите и престанете да се сожалувате себеси. Кога на една работа ќе ѝ дозволите да си замине, тогаш на друга ѝ дозволувате да дојде.

Исто така, не треба да се грижите или да се заштитувате од работите кои ви доаѓаат природно. Креативните идеи и бизнисите, можете да ги направите еднаш, а потоа и повторно, но многу подобро. Луѓето кои немаат идеи, се трудат да ги украдат вашите и да се чувствуваат заштитнички кон нив. Овие работи многу често се случуваат во деловниот свет и поради тоа во денешно време постои голема заштита. Буквално треба да се заштитите од надворшениот свет и да бидете подготвени за борба.

Можеби сте личност која не гледа така на работите, можеби сметате дека нема потреба од нешто да се заштитувате. Но, со текот на времето ќе научите, ќе бидете измамени и ќе се трудите повторно да не ги направите истите грешки. На крајот од денот, секоја личност го прави тоа што најдобро го знае, со работите кои ги поседува. Луѓето кои изгледаат како да немаат совест и кои буквално би ги згазиле сите само да дојдат до врвот, треба да знаат дека еден ден сето тоа може да им донесе негативни последици. Тоа што им го посакувате на другите, ќе ви се врати вам.

Сигурно досега сте прочитале некое интервју со успешна и богата личност, која веќе е постара и која вели дека посакува повеќе да уживала во животот, дека сакала помалку да се грижи, да не работела толку напорно, да поминувала повеќе време со своето семејство и пријатели и да не го поминела животот концентирана на заработување пари и моќ. Од ова може да се заклучи дека, колку побрзо сфатите што е најважно во животот, толку посреќен живот ќе имате. Трудете се највеќе да се посветувате и да ја трошите енергијата на работите кои навистина ви се важни, за подоцна во животот да не жалите за ништо.