Симптоми кои не треба да се запостават | Детето треба веднаш да се однесе на лекар

444

Понекогаш им е тешко на РОДИТЕЛИТЕ да оценат дали треба да го одведат своето дете на лекар или дали претерано реагираат.

Има многу ситуации во кои посетата на лекар е веројатно непотребна, но има и пет симптоми кои јасно укажуваат дека е време да се побара стручна помош.

Педијатри за „The Sun“ откриваат кои се тие:

Висока температура

Иако високата температура обично може да се контролира со антипиретици, понекогаш тоа не е случај.

Ако детето е под три месеци, температурата над 38 е аларм, соопшти Националната здравствена служба на Велика Британија. Ако детето е на возраст меѓу три и шест месеци, треба да се консултирате со лекар ако температурата надминува 39.

Кај постарите деца неопходна е посета на лекар ако детето има температура над 38,5 три или повеќе дена, ако заедно со температурата се појави и осип, ако детето го изгуби апетитот или ако температурата не се спушти со лекови.

Дехидрација

Постојат неколку знаци кои укажуваат на дехидрација кај децата. Прво проверете дали на детето му излегуваат солзи кога плаче, колку уринира и дали устата му е сува. Кај бебињата, дехидрацијата може да се открие со гледање на фонтанелата. Ако е вовлечено, тоа е проблем. Секој знак на дехидрација значи дека треба да посетите лекар.

Осип

Ако детето има осип, а тој исчезнува кога ќе го притиснете, веројатно се работи за вирусно заболување. Но, ако не помине, консултирајте се со вашиот лекар за следните чекори.

Проблеми со дишењето

Постојат различни проблеми со дишењето за кои треба да се разговара со лекар. Тие вклучуваат отежнато дишење, забрзано дишење и чудни звуци на дишење.

Поспаност

Самата поспаност не е проблем, но кога се јавува со некои други симптоми како треска, недостаток на апетит или знаци на дехидрација, тогаш потребно е што поскоро да се бара причината.

Ако детето спие, а вие не можете да го разбудите, тоа е знак на тревога. Ако е будно, но изгледа поспано, тоа не е толку итно, освен ако не трае неколку дена или не се појави во комбинација со горенаведените симптоми.