Модерниот начин на живот предизвикува рак во 9 од 10 случаи

1311

Неправилната исхрана, физичката неактивност, стресот и загадувањето се водечки причини за рак, покажа истражувањето на американските експерти.

Истражувачите на “Стони Брук” универзитетот во Њујорк сакале да проверат колку генетиката игра улога во развојот на неколку видови на рак за да се утврди до кој степен на ризик е поврзан со фактори на животната средина, пишува “Тајмс”.

Резултатите покажале дека околу 90 проценти ракот се јавува како резултат на негативното влијание на надворешни фактори врз организмот, а не генетските мутации или оштетувањата.

Освен загадувањето, УВ зрачењето и стресот, меѓу водечките фактори се оние кои луѓето можат да ги контролираат, како што се исхраната, пушењето и физичката активност. Резултатите покажале дека поздравиот начин на живот го намалува ризикот од рак.

Истражувањето беше објавено во списанието “Nature”.

Претходно оваа година, резултатите од студијата на британскиот Центар за истражување на ракот покажала дека здравата исхрана спречува рак во 40 отсто случаеви.