4 причини да престанете да седите со скрстени нозе

141

Вие сигурно сeдите со крстени нозе барем еднаш додека вечерате, работите на бирото, или каде и сте.

Всушност, постои голема веројатност да не забележите дека тоа го правите, само седите на столот, и одеднаш ја поставувате едната нога врз другата, како што сте правеле секогаш.

Но, експертите почнуваат да предупредуваат за оваа лоша навика. Вкрстувањето на нозете може да влијае на вашето здравје. Еве што треба да знаете.

Тоа предизвикува болки во грбот и вратот. Според ортопедот Вивиен Ајзеншцад, вкрстувањето на нозете доведува до болки во грбот и вратот. Кога седите на овој начин, го поставувате телото во странична позиција која води до извртување на една од карличните коски. Бидејќи тоа е основата која го поддржува ‘рбетот, оваа позиција дава непотребен притисок врз грбот и вратот.

Колку подолго седите со скрстени нозе, толку повеќе притисок давате врз рбетот и ја зголемувате веројатноста да се здобиете со таков проблем. Покрај тоа, бидејќи е невозможно постојано да останете исправени, д-р Ајзеншцад препорачува да се обидете да седите со колената под агол од 90 степени за да се балансира карлицата.

Најверојатно е поврзано со проширените вени. Изгледа дека лекарите се поделени на две групи, кога станува збор за односот помеѓу скрстени нозе и проширените вени. Некои лекари тврдат дека тие се добиваат најмногу како резултат на гените, бременоста, изложувањето на сонце и долготрајното седење додека други сметаат дека постои недиректна врска меѓу скрстените нозе и проширените вени.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2