4 причини да престанете да седите со скрстени нозе

1931

Вкрстувањето на нозете го зголемува притисокот во вените кои се одговорни за враќање на крвта во срцето. Притисокот од едната на другата нога ја отежнува циркулацијата и може да доведе до слабеење на вените во нозете. Ако вените се оштетени или ослабеле, крвта може да се задржи во нив, на тој начин формирајќи проширени вени.

Се зголемува крвниот притисок. Крвта во нозете треба да биде насочена кон срцето со движење, кое е спротивно на гравитацијата. Тоа е тешко, дури и без да го усложнувате, како со скрстени нозе, но кко седите во таа позиција, вие го зумирате отпорот на движењето на крвта. Како резултат, вашето тело треба да го зголеми крвниот притисок, за да ја врати крвта до срцето.

Нема да се почувствуваат никакви симптоми, кога крвниот притисок ќе ви се подигне, но ако тоа се случува постојано, зголемениот крвен притисок може да предизвика долготрајни здравствени проблеми.

Ги оштетува нервите во нозете. Скрстените нозе не само што влијаат на патот на крвта до срцето, но и влијаат врз вените и нервите. Вкрстувањето на нозете го притиска главниот нерв кој минува под коленото од надворешната страна на нозете. Според д-р Ричард Грејвс, притисокот може да предизвика вкочанетост и привремена парализа на некои мускули во ногата и стапалото, па да не можете да ги подигнете зглобовите.

И иако ова чувство е привремено, тој тврди дека постојаното седење со скрстени нозе во иста ситуација може да предизвика оштетување на нервите, што доведува до подолга вкочанетост во нозете.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.