Дебелината не е само црно и бело, туку има барем 50 нијанси сиво. Затоа и кон секоја од нив треба да се пристапи со специфично “лекување”.
Дебелеењето/ дебелината може да е резултат од десетици причини, затоа и еден метод на слабеење дејствува само на некои луѓе, а на други не.
Здравствениот универзитет на Јоркшир направил истражување во кое учествувале 4.000 возрасни дебели луѓе. Тие биле поделени на 6 групи:
1. Младите, здрави жени – полни жени кои генерално имаат мали сериозни проблеми како дијабетес тип 2 пр.
2. Мажите зависни од алкохол – по карактеристики личат на горната група, а во исхраната прифаќаат огромни количини алкохол.
3. Несреќни и вечно напнати луѓе на средна возраст – оваа група се состои од неособено интелигентни жени кои немаат подобар животен стандард.
4. Богатите и здрави возрасни луѓе – како целина во добра здравствена состојба, но со симптоми на повисок внес на алкохол и хипертензија.
5. Природно болни, но духовно среќни возрасни мажи и жени – група, чии членови имаат хронични болести како остеопороза и артритис, но психички се чувствуваат многу подобро.
6. Група со лошо здравје – економски нестабилни и со многу хронични заболувања
Во зависност од начинот на живот и здравствената состојба се дефинирани и различни видови дебелина. PositiveMed разгледува два типа распределеност на телесните масти: Андроид и Гиноид.
Андроид е нормалниот тип, што често е опишано како тип “јаболко” – обемот на половината е поголем од оној на колковите. Гиноидната телесна тежина често е забележана кај жените, наречена уште тип “круша”. Во овој модел регијата на колковите е поголема од онаа на половината.

Еве и кои се 6-те вида дебелината и како да се ослободите од неа:
Дебелината во горниот дел од телото (Андроид)
Таа е поврзана со висок внес на храна и ниска потрошувачка на енергија. Решението на проблемот е намалување на слаткото и вежби барем 30 мин на ден. Ако при овој режим не почнете да ја намалувате телесната тежина, консултирајте се со лекар.
Дебелината во стомачната област (Андроид)
Ако имате повеќе масти во пределот на стомакот, тогаш сте подложени на многу стрес и напнатост. Најдобар начин да се ослободите од нив и да се смирите и да се обложувате на некои вежби во парови, меѓу природата или јога / медитација, кои ќе го смират и духот. Тоа веднаш ќе ги балансира и хормоните на стресот во телото, кои се причините за овој тип дебелината.
Дебелината во долниот дел од телото (Гиноид)
Повеќето жени страдаат од овој проблем. Тоа е тешка зона и бара многу напор и повеќе вежбање. Обложете се на вежби за бутовите, задникот и долен дел на телото, како и на високоинтензивното вежбање.
Стомак како балон (Андроид)
Најверојатно страдате од прекумерна конзумација на алкохол и проблеми со дишењето. Намалете го земањето на алкохолни пијалаци и пробајте вежби за подобрување на дишењето.
Дебелината во долниот дел од телото, која ги вклучува целите нозе (Гиноид)
Оваа состојба е честа кај бремените жени, бидејќи нивните нозе “отекуваат”. Поврзано е со задржување на вишокот течности. Обидете се со воден аеробик, бидејќи така нема да ги оптоварите зглобовите.
Голем, испакнат стомак и видливи масти по грбот (Андроид)
И оваа состојба е резултат на недостаток на физичка активност. Вежбите се од клучно значење, но мора да го контролирате и нивото на крвниот шеќер. Не треба да гладувате! Јадете често, но мали порции.



















