Интервјуто се одржа во 1995 година и предизвика една од најлошите кризи во историјата на кралското семејство.
Бомбастичното интервју на принцезата Diana со понижениот новинар на BBC, Martin Bashir, ќе биде дел од популарната серија на Нетфликс “The Crown” и покрај барањата на принцот William тој да биде отстранет, пишува Daily mail.
Во петтата сезона од серијата, цела епизода ќе биде посветена на интервјуто во кое Дијана открива дека во нејзиниот бракот со принцот Чарлс има трето лице.
„Бевме тројца во брак“, рече таа мислејќи на Charles и Camilla Bowles Parker.
Тие беа љубовници, а во 2005 година се венчаа. Одлуката на Нетфликс да го екранизира интервјуто меѓу Diana и Bashir доведе до конфликт со принцот Вилијам кој силно се противи. Сервисот за стриминг наводно инвестирал милиони фунти во снимањето на таа епизода.

„Ширење лажна приказна“
Интервјуто се одржано во 1995 година и предизвика една од најлошите кризи во историјата на кралското семејство, а двајцата синови на Diana, William и Harry го обвинија Bashir дека го уништил животот на нивната мајка со неговото „лажно“ интервју и помогнал да се предизвика трагична серија настани што доведоа до нејзината смрт две години подоцна.
„Креаторите на серијата интервјуто го гледаат како клучен момент од петтата сезона и во него вложиле многу пари, милиони фунти“, изјавил неименуван извор.
„Тоа интервју нема легитимитет и никогаш повеќе не треба да се прикажува никаде. Ефективно предизвика ширење на лажна приказна што беше комерцијализирана од медиумите“, рече принцот William за време на гостувањето на една телевизиска станица.
Истрагата подоцна откри дека Bashir лажел за да добие интервју и дека користел сомнителни методи кои подоцна биле прикриени со „лошата и неефикасна“ истрага на Tony Hall, кој подоцна стана генерален директор на BBC.

„Bashir исплел мрежа од лаги“
„Ова може да биде крајно вознемирувачко и единствениот начин на кој William може да се заштити е само да не ја гледа таа епизода“, рече главната уредничка на магазинот Majesty, Ingrid Seward.
“Вилијам беше ужаснат во тоа време, но исто така срамно е за Harry“, додаде кралската коментаторка Margaret Holder.
Пријател на братот на Дајана, Charles Spencer, рече дека верува дека Bashir сплетил мрежа од лаги што и ги сервирал на својата ранлива сестра за да воспостави „присилна контрола“ над неа. Тој ѝ го наполнил умот со застрашувачки теории на заговор и ја цитирал во интервјуто.
Тој, исто така, тврди дека Bashir и неговите претпоставени од BBC извршиле уцени и измами за кои собрале богатство.



















