Како една мајка со помош на паста за заби и одржа животна лекција на ќерка си

165

Без оглед на тоа дали вашето дете е прваче или е во повисоките одделенија, оваа феноменална лекција би требало да ја знаете и да му ја пренесете на вашето дете. Наставниците сигуно на тоа нема да ги научат.

Ејми Бет Гарднер, од Тенеси, има две ќерки. Кога постарата Бреони, оваа година тргнала во петто одделение. Ејми и дала туба со паста за заби и кажала да ја исцеди на чинија.

Девојчето ја послушало мајка си. Сепак кога мајката и рекла дека сега таа иста паста треба да ја врати во тубата, девојчето почнало да негодува: „Тоа е невозможно“.

– Ќе ја помниш оваа чинија и пастата на неа до крајот на животот. Твоите зборови имаат моќ на животот и смртта. Сега кога ќе почнеш во училиште, ќе видиш колку тежина имаат твоите зборови. Ќе имаш можност да користиш зборови кои понижуваат и навредуваат други. Исто такаа ќе имаш можност да користиш зборови кои лекуваат, инспирираат и поттикнуваат. Некогаш ќе се направиш погрешен избор, но како и оваа паста, кога зборовите ќе излезат од твојата уста, повеќе нема да можат да се вратат. Користи ги зборовите мудро Бреони и избери да бидеш позната по добрината и сочувство. Никогаш нема да жалиш што си ја избрала добрината, напиша мајката на Ејми на својот Фејсбук профил под фотографија на чинија и исцедена паста за заби.