Западните аналитичари загрижени ! Најновиот воен брод на Северна Кореја можеби е натоварен со руска воена технологија ?!

409
Choe Hyon

Новата тешко вооружена фрегата на Северна Кореја сугерира руска поддршка, ги зголемува тензиите и означува можна промена во регионалната поморска моќ, предупредуваат западните воени аналитичари.

Северна Кореја ја претстави „Чое Хјон“, фрегатата (средно голем воен брод) од 5.000 тони за која се верува дека означува нова ера во поморската стратегија на земјата и потенцијално продлабочување на врските со Русија. Откривањето се одржа во пристаништето Нампо, каде што Ким Џонг Ун ги пофали способностите на фрегатата и најави нејзино целосно распоредување во рок од една година.

Тешко вооружен брод што предизвикува загриженост

Снимките на Чое Хјон го прикажуваат воениот брод полн со напредно оружје: системи за вертикално лансирање што би можеле да се користат за балистички или крстосувачки ракети, палубен топ, противвоздушно оружје за блиска употреба и радар за откривање на закани и цели. Особено е важен системот за воздушна одбрана, кој многу наликува на рускиот „Панцир С-1“.

Џејкоб Паракилас, раководител на истражувањето за одбранбена стратегија, политика и капацитети во тинк-тенкот RAND Europe, за „Business Insider“ изјави дека временската рамка за изградба на бродот и прашањата околу точната природа на руската поддршка за ДНРК сугерираат дека тоа би можело да биде повеќе од само копирање на воена опрема.

Шпекулации за руска поддршка

Загриженоста за странско вклучување во воениот развој на земјата се засили откако Северна Кореја и Русија неодамна потврдија дека севернокорејските војници ѝ помагаат на Русија во нејзината војна против Украина. Аналитичари како што е пензионираниот јужнокорејски адмирал Ким Дук-ки за Си-Ен-Ен изјавија дека Москва можеби споделила технологија за своите ракетни системи со Пјонгјанг. Тој предупреди дека доколку Северна Кореја опреми нова фрегата со хиперсонична балистичка ракета, за која тврди дека успешно ја тестирала во јануари, тоа би имало револуционерно влијание врз регионалната безбедност.

Џејмс Патон Роџерс, директор на Институтот за техничка политика Корнел Брукс на американскиот Универзитет Корнел, за Би-Би-Си изјави дека Русија веројатно помогнала во дизајнирањето на новиот дрон со вештачка интелигенција на Северна Кореја, што дополнително ги разгоре сомнежите за нивната поширока воена соработка.

Стратешки импликации

Според извештајот на британскиот тинк-тенк, Меѓународниот институт за стратешки студии, од јануари годинава, воениот брод за кој станува збор, долг околу 120 метри, е најголемиот што Северна Кореја некогаш го изградила. Со 374 помали патролни и крајбрежни бродови и две постари фрегати, овој нов брод јасно се издвојува.

Паракилас го истакна својот потенцијал за „прв удар“, дозволувајќи лансирање балистички ракети од помалку бранети области. Но, тој додаде дека останува фактот дека станува збор за површински брод, а не за подморница, што значи дека може релативно лесно да се следи и нападне.

Џозеф Бермудез помладиот, претседател на одделот за Кореја во Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон, останува претпазлив, велејќи дека нема конкретни докази за директна руска помош, иако призна дека фрегатата има неверојатно високи способности.