Зошто некои луѓе се клаустрофобични?

111

Ако познавате лице кое упорно одбива да се вози во лифт, иако живее на 10 кат, можно е да се соочува со страв од затворен и тесен простор.

Експертите од болницата „Маунт Синај‟ клаустрофобијата ја дефинираат како „анксиозно нарушување кое се манифестира со ирационален страв од мали простори. Луѓето кои имаат клаустрофобија често се чувствуваат нервозно и како да се наоѓаат во стапица без излез‟.

Кога ќе почувствуваат дека се ограничени во просторот, луѓето кои боледуваат од клаустрофобија покажуваат типични симптоми на напад на паника како потење, кратко дишење, хипервентилација и тресење на телото, додека некои луѓе имаат екстремни реакции како повраќање и несвестица.

Што е причина за клаустрофобија?

Постојат многу теории за причината за клаустрофобија, но преовладува мислењето дека стравот од затворен простор настанува со комбинација на опкружувањето и генетските фактори.

Ако сте имале трауматско искуство во детството (сте биле заклучени во некој простор или затворени неколку часа), ова присетување на опасност (вистинско или имагинарно), може да кулминира во реакција на страв кога повторно ќе се најдете во иста ситуација.

Ова не мора да важи само за децата, бидејќи некои луѓе првпат се соочуваат со страв од затворен простор подоцна во текот на животот, а од иста причина како и децата. Во било кој период на животот можете да се најдете во ситуација да сте заклучени или затворени во мал простор, што можеби вашиот мозок ќе го поврзе со страшна судбина и крај.

Клаустрофобијата може да биде последица на еден единствен настан, или да се јави од повторување на исти непријатни ситуации.

На пример, изложување на само една магнетна резонанца може да покрене клаустрофобија, додека константно читање и следење на вести за страшни приказни за луѓе кои на пример биле живи закопани, може да има сличен ефект.

Оваа фобија, која настанува со набљудување, понекогаш се нарекува и посредно класично условување. Децата кои ги гледале родителите кои патат од клаустрофобија можат да се соочат со оваа фобија иако порано не покажувале симптоми. Секако, во овој случај децата можат да имаат генетска предиспозиција за клаустрофобија.

Значи, можно е да постои еволутивна компонента кај клаустрофобијата: изгледа дека однапред сме програмирани да препознаеме и да почувствуваме страв во непријателско опкружување и на одреден начин да одговориме на него.04

Невролозите откриле мал дел во мозокот кој ја обработува меморијата и емотивни одговори како страв и нагон за преживување и амигдала, а поврзани со клаустрофобијата.

Доктор Фуми Хајано ги проучувал пациентите со напади на анксиозност и открил дека генерално имаат мала амигдала што води кон тоа да се однесуваат невообичаено и да имаат заеднички симптоми како и луѓето кои имаат напади на анксиозност

Национална географија – Вашингтон