Секој сака изненадувања, особено кога станува збор за сексот

1021

Кои се оние изненадувачки работи кои мажите со задоволство би ги поздравиле од својата партнерка во кревет?

Вистинската насока ја повлекуваат самите мажи, со споделување за што поконкретно жените треба да се замислат.

Да ја облечеме најсексапилната долна облека

Тоа е исклучително лесен чекор и функционира секој пат. Без разлика какво е нашето тело, тој сака да нè види во секси и провокативна долна облека.

Да не носиме ништо друго, освен маица

Ако размислуваме дали да ја фрлиме старата маица, треба да размислиме повторно. Точно е дека може да не ни е особено по мерка, но дефинитивно ќе послужи за разгорување на страстите во спалната соба.
Многу мажи наоѓаат особена возбуда во жена која е облечена само со маица и со кратки панталонки.

Валкани приказни

Следното изненадување на кое веројатно секој маж ќе се израдува. Валкани приказни и споделени сексуални фантазии ќе го подготват за полетување, така да се каже.

Да планираме романтична вечера

Мажите сакаат да бидат згрижени од својата жена, а многумина навистина би ја ценеле романтиката – вечера со убав шампањ, суши, масажни масла.

Да му направиме сензуална масажа

Според многу мажи убавата масажа може да ѝ обезбеди на нежната партнерка доста пријатно искуство во спалната соба. Тоа е доволна причина да се размисли два пати, нели?