Ако сте тазе во врска, не ги правете овие работи

1134

Колку и да се радуваме на среќата и љубовта на другите, луѓето на почеток на врската може да бидат страшно иритантни со нивното однесување и немање осет за другите во нивно присуство.

Ако вие имате ваков пар во близина, јасно ви е за што зборуваме. Ако вие сте новиот пар во друштвото, не бидете „тој“ пар.

Ова се петте најиритантни работи што ги прават тазе паровите:

Пренос на врската на социјални мрежи

Знаете што покажуваат сите истражувања? Двојките кои се навистина среќни не го полнат Facebook со фотки и статуси за тоа колку се среќни. Исто така, веќе не знаеме по чиј Instagram профил скроламе, неговиот или нејзиниот – секаде се фоткаат заедно! И Twitter не е место за „гугукање“ во коментари.

Премногу лигавење

Многу луѓе не сакаат покажување на емоции (и повеќе!) во јавност и кога се со друштво, а уште помалку сакаат да ве гледаат како се бакнувате, грицкате и пофаќате додека сите други јадат или гледаат филм. Знаеме дека сте тазе, ама дечки, навистина, остајте го тоа за на само!

Ние

Ова се однесува на парови што се заедно одвај една недела, а веќе зборуваат за себе во множина како да се заедно цела вечност. „Ние не сакаме да одиме таму“, „Ние не јадеме пица со кулен“, „Ние, ние, ние…“

Слатки имиња што треба да останат приватни

Немаме ништо против размена на нежности и се радуваме за вас што си имате слатки прекари еден за друг, ама тоа не значи дека сакаме да ги слушаме „маченце“ и „зајче“ цела вечер.

Мудрување

Највисоко на листата иритантни работи што ги прават тазе паровите е нивното просветлување, односно мудрување за љубовта, врските и животот, по еден месец „во рајот“. Не, не станавте преку ноќ експерти за меѓучовечки односи, ја немате тајната формула како „да фатиш некој“, кога ни ти не знаеш дали ќе дочекате годишнина. Фала не ми треба совет, врати си се на облакот.